Од денес почнува зимското сметање на работното време на зонските паркиралишта со кои стопанисува Градски паркинг Скопје.
Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде од 7 до 21 часот од понеделник до петок и од 7 до 14 часот во сабота.
Во зона Д работното време останува непроменето односно од 7 до 23 часот.
Градски паркинг им порачува на корисниците навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време.

