Јеменските шиитски бунтовници Хути минатата недела презедоа контрола врз Мока, стратешки важен пристанишен град на брегот на Црвеното Море во југозападен Јемен. Ако сте љубител на кафе името Мока сигурно ви звучи познато, тоа е затоа што истоименото кафе, кое едно од најпознатите видови во светот, го добило името токму по овој град.
Но, каква е врската на јеменскиот град Мока со овој напиток. Според историчарите, почнувајќи од 16-от век пристаништето Мока долго време било важно средиште во трговијата со кафе.
Во периодот на 16-от век во Европа се јавил голем интерес за кафето што се доаѓало од Јемен и Арапскиот Полуостров воопшто и кога во текот на 17-тиот век се воспоставила редовна трговија со зрна кафе, јеменското кафе набрзо станало познато како „мока“.
Јеменско кафе
Но, од каде точно потекнува јеменското кафе? Корените на ова кафе се во југоисточна Етиопија, а географски гледано, Јемен се наоѓа од другата страна на морето. Така, растението прилично брзо почнало да се одгледува и во Јемен од страна на локалните арапски племиња.

Кога конечно трговијата со кафе во Европа зела замав, градот Мока стабал вистинското место за купување на добро кафе.
Со текот на времето градот Мока станал клучна алка во трговијата со кафе. Одгледувањето се покажало како многу успешно на околните висорамнини, а градот имал идеална локација за испорака на кафето.
Јемен повеќе не е голем производител
Кафето и денес се одгледува во Јемен. Тоа кафе сè уште е високо ценето по својот карактеристичен вкус. Но, во однос на обемот, Јемен денес повеќе не е голем производител на кафе.

Таа улога денес ја презедоа на други земји, како Бразил, Виетнам и Колумбија, кои се првите три најголеми производители на кафе во светот.
Сепак, јеменското кафе останува особено интересно. Кафето во Јемен се одгледува уште од раната историја и тоа е прилагодено на променливите климатски услови. На овој начин одгледувањето кафе во Јемен и натаму добро успева, во услови кога на други места тоа е сериозно загрозено.

