Во Музејот на град Скопје од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Вредности за незаборав“ од Владимир Гавриловски -Гава – колекција 60 години кариера.
Изложбата претставува избор од накит и украсни предмети од колекцијата на Гава, во која секојдневните предмети добиваат дополнителна и значително зголемена вредност преку уметничката обработка, дизајнот и мајсторството.

