Десетици илјади луѓе во саботата протестираа во Берлин и Штутгарт против војната, воената експанзија и можното повторно воведување на задолжителна воена служба, барајќи укинување на сите економски санкции и прекин на испораката на оружје, како и зголемување на трошоците за социјална заштита.
Демонстрантите во Берлин маршираа од Бранденбуршката порта низ центарот на градот.
Според „Дојче веле“, полицијата процени дека на протестот присуствувале околу 5.800 луѓе, додека организаторите изјавија дека учествувале приближно 20.000 демонстранти.
Организаторите на протестот во Штутгарт проценија дека на собирот присуствувале околу 15.000 луѓе, додека германските новинари присутни на лице место ја проценија бројката на учесници на неколку илјади.

