Вино шише затворено со тапа од плута не е автоматски „подобар избор“, покажува ново истражување на Бургундскиот универзитет од францускиот град Дижон, кое првпат го мапира хемискиот процес што го прави плута со виното и како кислородот влегува во шишето однадвор, процес кој може да трае со месеци, па дури и години.
Според истражувањето, самата плута главно се состои од 80 до 85 проценти кислород, па плутената тапа истовремено делува и како затворач и како мал вентил кон надворешниот свет.
Истражувачите при анализата утврдиле дека во текот на првите неколку месеци кислородот влегува во шишето, бидејќи се ослободува од плутата. Но, во таа фаза ниту една капка кислород не влегува во шишето однадвор.

По 4 месеци, рамнотежата во шишето се менува, бидејќи плутата почнува да го „пие“ кислородот и во виното ослободува феноли, специјални соединенија за вкус. Потоа повторно се доаѓа до точка каде што нема повеќе кислород во просторот помеѓу тапата и виното, бидејќи тој е „испиен“ од плута.
По одреден временски период, месеци, па дури и години, кислородот однадвор постепено почнува да влегува во шишето. Најголемиот проводник на надворешниот воздух е вратот на шишето, односно површината помеѓу стаклото и плута.
Колку плутата е подолга толку целиот овој процес е побавен.
Млади вина наспроти вина од визба
Сепак, вино од шише со плута не значи и подобро вино. Имено, ако се пие младо вино, ефектот на кислород од тапата сè уште не е започнат.

Денес од 80 до 90 проценти од целокупното достапно и продадено вино всушност се испие во рок од една година. Наспроти тоа, вината од визбо, како што се класичните бургундинци, чиј вкус бараат години стареење, стануваат сè поретки.
Експертите посочуваат дека порано многу вина се правеа на овој начин, но денес благодарение на современите техники на производство, тоа се помалку е случај.
Но, и секое вино не се подобрува со стареењето со години. Дури ниту тапата од плута не е гаранција за добро вино. Со плута, можете да бидете сигурни дека нешто ќе се промени, бидејќи се случува оксидација, но дали виното ќе стане подобро главно е прашање на вкус, посочуваат експертите.

