Каталог со Брајово писмо во кој се собрани најзначајните документи што се чуваат во депоата на Државниот архив денеска ќе биде промовиран во Музејот на македонската борба за самостојност.
Каталогот „Документи што зборуваат на допир“ е во издание на Државниот архив во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје.

