ЛДП бара Владата јавно и транспарентно да соопшти која е специјалната мисија на Арбен Фетаи во Брисел и колку пари чини неговата специјална мисија во Брисел.
На граѓаните им е преку глава од тоа власта да се расфрла со нивните пари за задоволување на лични амбиции или партиски договори. Потсетуваме на милионите евра кои буквално се фрлаат на непотребни државни органи, на измислени министерства, на заменици министри, на заменици директори, на гломазни и преплатени управни и надзорни одбори, на кабинети и на луксузирање. Кога нема пари за лекови и за терапија, кога нема пари за зголемување на студентскиот оброк, кога нема пари за намалување на ДДВ и акцизата на горивата, кога нема пари за социјални потреби тоа е затоа што некој намерно и свесно се расфрла со парите на народот. Да беше само скандалот со прославата на независноста ќе бевме среќни, велат од ЛДП.

