Светско првенство во карпски риболов Маврово 2026 ќе се одржи за првпат во земјава. Свеченото отворање е закажано за денеска во 18 часот на спортското игралиште на Спорт хотел. Организатор е Македонската риболовна федерација.
На Светското првенство ќе учествуваат репрезентации од 33 земји од целиот свет, што го прави овој настан еден од најголемите меѓународни спортски настани од овој тип организирани во Македонија.

На свеченоста ќе присуствуваат претставници од државни институции, локална самоуправа, НП Маврово, FIPSed, Македонската Риболовна Федерација, националните репрезентации, спортски работници и гости од земјата и странство.

