Центарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола. Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати.
На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.

