Либерално-демократската младина реагира на тоа што студентскиот оброк останува 140 денари, а инфлацијата секојдневно расте. ЛДП се повикува на член 2 од Законот за субвенциониран студентски оброк кој предвидува дека износот треба да се усогласува согласно инфлациската стапка по секоја фискална година, пред донесувањето на Буџетот за следната година.
Во превод: државата ја признава инфлацијата кога собира повеќе пари преку даноци и повисоки цени, но ја заборава кога треба да им даде повеќе на студентите. Денес со 140 денари студент треба да обезбеди пристоен оброк, додека секој што влегол во маркет, пекара или менза знае колку реално вредат тие пари. Не може Владата да зборува за „младите како иднина“, а истовремено да штеди токму на нивниот оброк. Инфлацијата не смее да се пресметува само на каса – мора да се пресметува и во студентската поддршка, велат од Либерално=демократската младина.
Најавуваат дека ќе ги искористи сите расположливи правни и институционални механизми за да побараат одговор зошто законската одредба за усогласување не се спроведува доследно и кој ќе понесе одговорност за тоа.
Последното зголемување беше во 2023 година – од 120 на 140 денари.

