Системот задолжен за надзор на парламентарните избори во Русија од синоќа е цел на надворешен напад и тој сè уште трае, соопшти денеска претседателка на руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова.
Во Русија вчера започнаа тридневни избири за нови членови на Парламент, на кои нема сомнеж дека ќе победи партијата Единствена Русија на рускиот претседател Владимир Путин.
„Според нашите најнови информации, системот во Москва беше цел на многу силен и непрекинат напад во текот на целата ноќ. Тој напад продолжува и е од многу големи размери и со висок интензитет“, изјави Памфилова.

Според Памфилова, властите успешно ги одбиваат сите напади, а електронското гласање се одвива вообичаено.
„Сите технички експерти и организаторите на гласањето целосно ја контролираат ситуацијата. Безбедноста на системот гарантира непречено функционирање за време на гласањето“, додаде Памфилова.
Европската комисија вчера упати критики кон Русија за начинот на кој се спроведуваат парламентарните избори, обвинувајќи за „систематска и институционализирана репресија“ и за „исклучување на каква било демократска опозиција“.
Инаку, ова се први парламентрани избори во Русија од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

