Сопиште, Центар, Илинден и Бутел се општините каде денеска ќе има прекини на електричната енергија.
Според информациите од ЕВН Македонија, од 08 до 14 часот без струја ќе биде дел од улицата „Хо Ши Мин“ во населба Бутел, а од 08:30 до 14 часот дел од улиците 9 и 1 во општина Сопиште.
Од 09 до 13 часот без струја ќе останат и корисниците од улицата „11 Октомври“ поточно зградите 86 и 52 и околните објекти во општина Центар, а од 12 до 13 часот делот после гробиштата во општина Илинден.

