Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека засега не може да се споделуваат повеќе детали за случајот со фалсификуваните возачки дозволи, но ветува дека секој кој се огрешил пред законот, најстрого ќе биде санкциониран.
Тошковски вечерва за телевизија Сител изјави дека предметот е во фаза на оперативна обработка и дека кога ќе може, јавноста ќе биде информирана.
„Кога ќе можеме, секако дека ќе ја информираме јавноста. Ова е битна тема и за МВР и за јавноста. Не смее да дозволиме злоупотреба на службената положба“, изјави Тошковски.
Потврди дека МВР постапува по информации за конкретни сомнежи за сторено кривично дело кои се споделени со Обвинителството.

