По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека ако опозицијата официјално побара избори, ќе свика лидерска средба за да се договори датум, денеска опозицијата со став – подготвени сме.
- Ние сме секако спремни, се спремаме секојдневно. Ако ме прашувате дали сме спремни, спремни сме со тим, спремни сме со добра програма, истакна Филипче.
- Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, нарушувањето на Охридскиот договор и слабеењето на застапеноста на Албанците во институциите. Затоа ДУИ бара изјавата на премиерот веднаш да се претвори во конкретно дејствување. Бараме во наредните денови да се утврди најбрзиот уставен рок, да започнат изборните подготовки и на граѓаните да им се даде можност да одлучат за насоката во која ќе се движи државата, велат од ДУИ.
Од СДСМ велат дека се подготвени за избори кога и да бидат тие распишани но дека нема да бидат алиби на Христијан Мицкоски за избори.
Не, нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Тоа нив ги интересира, ништо друго, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција.
Филипче вели дека секојдневно се подготвуваат за следните избори, без разлика кога тие ќе се одржат.
Ние сме секако спремни, се спремаме секојдневно. Ако ме прашувате дали сме спремни, спремни сме со тим, спремни сме со добра програма, истакна Филипче.
Демократската унија за интеграција ја поздрави подготвеноста на Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата.
Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, нарушувањето на Охридскиот договор и слабеењето на застапеноста на Албанците во институциите. Затоа ДУИ бара изјавата на премиерот веднаш да се претвори во конкретно дејствување. Бараме во наредните денови да се утврди најбрзиот уставен рок, да започнат изборните подготовки и на граѓаните да им се даде можност да одлучат за насоката во која ќе се движи државата, велат од ДУИ.
Премиерот Мицкоски денеска повтори дека доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ќе одговорат на тоа барање позитивно и ќе победат.
– Граѓаните не сакаат избори, сакаат реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада. Затоа ја направив онаа споредба на почетокот – три спрема еден – на перформансите на оваа Влада во споредба со претходната влада. Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада четири години. Но, она што јас вчера го кажав, ќе го потврдам, а тоа е доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира, ние нема да седиме на страна како кукавици, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме – изјави Мицкоски пред учеството на амбасадорскиот совет, рече денеска Мицкоски.

