До попладнево до 18 часот на територија на цела држава активни се осум пожари, а три се под контрола.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, регистрирани се вкупно 20 пожари од кои девет се изгаснати.
Активни се уште пожарите кај селото Копаница во Општина Сарај, кај селото Трново во општина Гостивар, кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод, над селото Нежилово во општина Чашка, кај селото Копанце во општина Јегуновце, над касарната во Прилеп и кај старите горбишта во Прилеп, межу селата Велмеј и Брежани во општина Охрид и селото Црнилиште во општина Прилеп.

