Полицијата го откри идентитетот на жената која со „порше“ фрлаше отпад во реката Лепенец. Станува збор за 38-годишна скопјанка со иницијали М.И.Б.
Таа била повикана во полициска станица Карпош и по документирање на случајот ќе биде изготвен патен налог согласно Законот за јавна чистота. Дополнително, санкционирана е и поради непрописно паркирање на возилото на коловозна лента.
Жената беше снимена и објавена на социјалните мрежи.

