Групата „Персеида“ победи на националното финале на „Имејџн Мекедонија 2026“, со што ќе ја претставува земјава на меѓународното финале на „Имејџн Мјузик Експириенс“ во Брисел.
На „Имејџн Мекедонија 2026“ се одржа во рамки на фестивалот „Здраво Млади“ во Младинскиот културен центар во Скопје, во организација на Музичка младина на Македонија, настапија и бендовите „Нема назад“ и „Јамка“,
Учеството и патувањето на македонскиот претставник на меѓународното финале во Брисел се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.
„Имејџн Мјузик Експириенс“ се одрѓува во рамки на програмата „Меѓународна младинска музика“ (ЈМИ), наменета за млади музичари на возраст од 13 до 21 година, која им овозможува да ја претстават својата авторска музика, да стекнат сценско искуство и да се поврзат со млади музичари од други земји.

