Засега е шрерано е да се зборува за можна средба меѓу претседател ма Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп на Самитот на Г20 на Флорида, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Прерано е да се зборува за тоа. Сè уште не е донесена никаква одлука“, изјави Песков одговарајќи на прашање за можна средба меѓу претседателите на Русија и САД на самитот на Г20.
Претходно, американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека Вашингтон го поканил Путин на Самитот на Г20 во САД, а Песков изјави дека Русија е благодарна и ја цени поканата за Г20, како и дека таа ќе биде разгледана.
Самитот на Г20 е закажан да се одржи на 14 и 15 декември во голф-клубот „Трамп Нешнал Дорал“ во близина на Мајами.

