Луѓето со повисоки нивоа на штетните пер- и полифлуороалкилни супстанции (ПФАС) во крвта почесто имаат повисок холестерол и се соочуваат со полоша функцијата на црниот дроб, покажува студија изработена по нарачка на Одделот за здравствена заштита при Владата на белгискиот регион Фландрија.
За потребите на студијата истражувачите ја испитале крвта на 1.743 лица, кои живеат во близина на фабриката во местото Звајндрехт, која еколошките активисти ја обвинуваат за загадување на животната средина со ПФАС.
Станува збор за хемиски супстанции кои тешко се разградуваат во природата или во чоевковите тела, па потенцијално би можеле да бидат штетни за здравјето.
Реаултатите од анализитее покажале дека луѓето со зголемени нивоа на ПФАС во крвта имаат „малку зголемен“ холестерол, како и „малку покачени нивоа“ на ензими на црниот дроб.
Според професорката на Католучкиот универзитет во Лувен и една од авторките на студијата Гијс Ван Потелберг, анализата покажала ограничен, но секако видлив здравствен ефект поради изложеност на ПФАС.
„Во просек, оние со повисоки нивоа на ПФАС во крвта ги имаат и тие благи отстапувања“, вели Ван Потелберг.
Истражувачите не откриле поврзаност на повисоките ниво на ПФАС со проблеми со тироидната жлезда или кардиоваскуларни заболувња, но утвредиле „малку абнормални вредности“ за црниот дроб и холестеролот.
Според Ван Потелберг, не може дефинитивно да се докаже дека ПФАС навистина ги предизвикуваат абнормалните вредности, но не е ни исклучено.
„Во секој случај, луѓето не треба да се грижат, бидејќи не постои непосреден ризик по здравјето на луѓето“, вели професорката.
Таа објаснува дека абнормалните вредности не мора нужно да бидат директна последица на повисоките нивоа на ПФАС во крвта.
„Овие резултати не значат дека треба веднаш да трчате кај вашиот матичен лекар за да го проверите нивото на ПФАС во крвта. Исто така, нема потреба веднаш да стравувате дека ќе имате проблеми со црниот дроб, бубрезите или холестеролот“, додава Ван Потелберг.
Таа вели дека истражувањето првенствено покажува оти луѓето треба помалку да бидат изложени на ПФАС или по можност воопшто да не бидат изложени и дека мора да се преземе нешто во врска со изложеноста и загадувањето.
Ван Потелберг додава дека вистинското прашање е каков е ефектот од тие нивоа на ПФАС во крвта доколку луѓето биле изложени на нив 30, 40 или 50 години и што се случува на долг рок, а што во моментов има премалку податоци.
„Секој што сака да направи нешто за своето здравје треба да се фокусира на општите работи: откажување од пушење, вежбање и здрава исхрана. Ако сакате да направите нешто во врска со ПФАС, пред сè, избегнувајте изложеност“, заклучува Ван Потелберг.

