Тринаесетгодишното момче кое беше тешко повредено во инцидентот во Чаир е во стабилна но, се уште во животозагрозувачка состојба.
Последната информација ми е, за жал, од вчера: сè уште е стабилно, но во животнозагрозувачка состојба, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.
Момчето беше повредено со нож при што се здоби со тешки повреди на срцето. Инцидентот се случи во Чаир, а полицијата експресно приведе пет лица. За 19-годишник, брат на друг малолетник е поднесена кривична пријава и одреден му е 30-дневен притвор.

