Автомобил „џили“ бил зафатен од пожар во скопската општина Карпош во раните утрински часови на 19 октомври, а огнот се проширил и на друго паркирано возило од марката „тојота“. Во инцидентот нема повредени лица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен околу 1:20 часот по полноќ. Возилото „џили“ било во сопственост на 42-годишен жител на Скопје, додека оштетената „тојота“ била сопственост на 74-годишен скопјанец.
На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи го изгаснале пожарот.
Причините за избувнувањето на огнот засега не се утврдени, а надлежните служби преземаат мерки за расчистување на случајот.

