За денес се најавува нешто посвежо време со максимална температура од 29 до 33 степени. Ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува северен ветер.
Во Скопје, утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 33 степени.
До средина на следната работна седмица ќе преовладува слично време. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h., а од Вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.

