Посвежо и ветровито време не очекува денес. Долж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер со брзина од 60 километри на час. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд.
Температурите ќе биде пониски од денес. Утринските ќе се движат од 8 до 17, а дневните од 16 до 25 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Променливото време ќе се задржи до крајот на работната недела. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.

