Почина тешко повреденото 13-годишно момче кое пред три недели беше хоспитализирано по тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во скопски Чаир, објавија дел од медиумите на албански јазик.
Малолетникот беше во тешка здравствена состојба и три недели лекарите се бореа за неговиот живот.
Тепачката се случи на 31 август околу 22 часот меѓу две групи. Во неа учествуваа пет луѓе, од кои четворица беа малолетници и едно полнолетно.
Во тепачката беше повредено уште едно 13-годишно момче, а 16-годишно момче помина со телесни повреди.

