Малолетници соблекле шест иполгодишно дете и го снимале со смарт часовник. Случајот е пријавен вчера во Одделението за внатрешни работи во Кочани од страна на таткото на детето.
На 24.09.2026 во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете, информира МВР во денешниот билтен.
Известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

