Превентивни ЕХО-прегледи на уринарниот тракт и простатата и консултации со специјалист уролог се организираат во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје.
Акцијата се спроведува во рамки на Месецот на машко здравје со цел да се подигне свеста за важноста од редовни прегледи кај мажите.

