За денес синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).
Утринските температури ќе се движат од 4 до 11, а дневните од 17 до 21 степен.
Во Скопје, кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Слично време ќе се задржи и во следните денови со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината,а од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

