Аудио од вештачка интелигенција1x
Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во Романија. Потресот е почувствуван во многу градови во Северна Бугарија , прецизира БНТ.
Земјотресот е регистриран во 2:48 часот наутро во регионот Вранчеа. Епицентарот е на околу 200 км од Русе. Жителите на градот објавија на социјалните мрежи дека времетраењето било помеѓу 10 и 15 секунди, а некои добиле и предупредувачки известувања на своите телефони.
Земјотресот беше почувствуван и во бугарските реони на Силистра, Варна, Шумен, Добрич, Велико Трново и Монтана . Засега нема извештаи за повредени или штети.
Земјотрес бил почувствуван и во Смолјанскиот регион. Според податоците од Геофизички институт при Бугарската академија на науките, земјотресот имал магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала и бил регистриран во 3:16 часот наутро.

