Во рамките на иницијативата „Ноември – Месец на науката на УКИМ 2026“, утре 20 ноември 2026 година (петок), во 17 часот, во Аудиториум 115, на Архитектонскиот факултет – Скопје, како дел од воннаставната програма ДОСИЕ АФС, ќе биде организирано предавање под наслов „Живко Поповски: Живот посветен на архитектурата. Од збирка, дигитален архив, преку изложба, до виртуелен музеј“.
Предавањето ќе го одржат проф. д-р Анета Христова Поповска и проф. д-р Мери Батакоја, кои ќе го претстават процесот на истражување, документирање и афирмација на архитектонското наследство на Живко Поповски – од формирањето на збирка и дигитален архив, преку изложбена презентација, до концептот на виртуелен музеј.

