На големата сцена на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес премиерно е изведена претставата „Нона“ според делото на Роберто Коса, режија на Дамјан Костовски. Драматург е Катерина Момева, сценограф Филип Коруновски, костимограф: Марија Пупучевска, кореограф: Кренаре Невзати. Изборот на музиката е на Кренаре Невзати и Дамјан Костовски.
Во претставата играат: во главната улога на Нона – Фаик Мефаилоски, во улогата на чичо – Кире Ацевски, Кармело – Благојчо Стојанов, во улогата на Мариа – Кети Борисовска Ањула – Славица Манаскова, Дон Франциско – Васил Зафирчев и во улогата на Марта – Талија Ѓорѓиева.
Според програмата и утре и задутре че има реприза на премиерата
Од велешкиот театар прецизираат најавија дека репризи на претставата „Нона“ ќе има на 14 септември (понеделник) и 29 септември (вторник).

