Дваесет и петгодишен струмичанец од село Старо Балдовци е приведен бидејќи во неговиот дом пронајдени се тегла со марихуана и ќесе со гранки од растението канабис.
На 20.10.2026 во 17:30 часот во село Старо Балдовци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.А.(25) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени тегла исполнета со марихуана и ќесе со гранки од растението канабис, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

