Централниот совет на Македонците во Германија испрати протестни писма до бугарската амбасада, германското МНР и европските институции.
Причина е иницијатива во бугарското Собрание со која, според Советот, се негираат македонскиот јазик и нација. Од организацијата ја осудуваат иницијативата како ревизионистичка и дискриминаторска. Се бара дистанцирање од изјавите и иницијативата на Костадин Костадинов.
Писмата се испратени и до Европскиот парламент, Европската комисија и Комитетот за човекови права на Бундестагот. Советот смета дека се загрозуваат основните права на самоидентификација, јазик и култура.
За преземените чекори се известени и македонските институции. Од организацијата најавуваат спротивставување на ваквите иницијативи со сите легитимни демократски и правни средства.

