Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека, по воената операција на НАТО против Југославија, на глобално ниво почнал да преовладува пристап заснован на „позиција на сила“.
„Секој нареден чекор претставуваше форма на притисок преку сила – било да е таа воена, економска или финансиска. Сето тоа е дијалог од позиција на сила“, рече Путин на пленарната седница на клубот за дискусија „Валдај“, говорејќи за последиците од операцијата на НАТО против Југославија, како што пренесе РИА Новости.
Путин исто така истакна дека водечките европски земји во моментов заземаат поагресивен став кон Русија отколку Соединетите Држави.
Според него, САД се обидуваат да помогнат во завршувањето на конфликтот, додека одредени европски земји – водени од економските услови и внатрешните политички околности – поттикнуваат агресивно однесување кон Русија и создаваат нови кризи меѓу Русија и Европа.
Путин: По операцијата на НАТО во Југославија, на глобално ниво започна „дијалог од позиција на сила“

