Русија не се подготвува за каква и да било војна со Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата во Санкт Петербург.
„Многумина во Европа велат дека очекуваат напад од Руската Федерација и дека затоа мора да се подготват за борба, за војна со Русија. Сакам уште еднаш да нагласам дека не се подготвуваме за каква било борба со Европа“, рече Путин.
Западните медиуми, пренесувајќи ја изјавата на Путин, баведува дека дури и во пресрет на руската инвазија на Украина, тој „продолжи да негира дека Русија има намера да ја нападне земјата“.
Путин изјави и дека Русија „внимателно ќе размисли“ за можното продолжување на мировните преговори за ставање крај на војната во Украина.
„Предлозите за продолжување на преговорите природно се на маса. Но, по се што направија Украинците, ќе размислиме внимателно како треба да одговориме“, истакна Путин.
Руски веони авиони пресретнати над Финскиот Залив
Во меѓу време, беше соопштено дека фински и шведски авиони-ловци вчера пресретнале руски воени авиони над Финскиот Залив.
Според соопштението на финската Армија, ловците на воените возгухопловства на Финска и Шведска ја пресретнале групата од руски транспортни и борбени авиони во меѓународниот воздушен простор над Финскиот залив.
Ова е прв објавен случај двете земји, најнови членки на НАТО, заедно да ангажираат свои борбени авиони за таква мисија.
Операцијата биле дел од поблиската воена соработка меѓу Хелсинки и Стокхолм, која беше промовирана кон крајот на август со цел да се заштити територијалниот интегритет на Финска.

