Селата Грачани и Никиштане не се загрозени од пожарот што веќе неколку дена е активен на македонска територија, а дојде од косовска страна.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека пожарот се гаси и од македонска и од косовска страна.
Во неговото гаснење вклучени се и ер тракторите на ДЗС, а утрината дејствувале и полицискиот и армискиот хеликоптер.
Чадот од пожарот може да се почувствува доколку ветерот е северен и северозападен како што се очекува во попладневните часови, вели Ангелов.
Синоќа во доцните часови во повеќе скопски населби се чувствуваше силна миризба на чад, што според ДЗС, доаѓа токму од овој пожар.

