Се е однапред смислено, пишува во објава на Фејсбук поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска за договорот што Државна лотарија го потпиша со фирмата „Стардаст“ за прославата за 35 години независност.
Директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, на прес-конференцијата на која даваше отчет за потрошените народни пари, рече дека на 8 мај, во 10 часот и 41 минута во нивните простории стигнала единствената понуда од „Стардаст“ на околу 100 страници. Од договорот произлегува дека до крајот на денот – ем била прегледана програмата на 100 страници од страна на тричлената комисија, чиј претседател Николче Мицевски подоцна се појави како учесник во програмата како автор на оркестрациите на Хосе Карерас – ем бил составен договорот меѓу Државна лотарија и „Стардаст“ на износ од 300 милиони денари, ем бил потпишан од страна на директорот Александар Климовски и управителката на „Стардаст“ Миа Милошевска, пишува Ивановска.
И сега?….Кој е идиот????, прашува Ивановска, слично како што Бобан Милошевски од „Авалон“ на прес-конференцијата посветена на настапот на Дејвид Гета, на прашање од новинарка колку чини прославата, одговори – Ви личам ли на идиот, што наиде на реакции од јавноста и новинарските здруженија.

