Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека се надева оти ќе оствари уште две средби со својот американски колега Доналд Трамп во текот на оваа година.
Ваквата изјава Си ја даде за време на денешната посета на Белата куќа, на последниот ден од неговата државна посета на САД.
„Добредојдени сте, Вие и првата дама, да ја посетите Кина“, му порача Си на американскиот претседател, на што Трамп одговори: „Ќе го сториме тоа и често ќе разговараме еден со друг“.

Си нагласи и дека односите меѓу САД и Кина мора да се засноваат на „стратешка стабилност, искреност, почит и реципроцитет“.
Трамп, исто така, даде позитивна оценка за средбите со Си, наведувајќи дека постигнале „огромни чекори напред“ и дека ќе продолжат да комуницираат.
„Тоа е многу позитивно за двете наши земји“, порача американскиот претседател.

Покрај тоа, Трамп нагласи и дека „американските земјоделци ќе бидат многу задоволни“ од резултатите од разговорите, но не појасни точно со што би биле тие задоволни.
Според извори од двете делегации, двајцата лидери се согласиле и да ги зајакнат своите односи.
Кинескиот претседател Си од средата престојува во тридневна посета на САД. Тоа е негова прва државна посета САД по онаа во 2015 година.

