На патиштата во повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните делови од државата, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни, соопшти ЈП „Македонија пат“.
Според информациите на ЈП Македонијапат, сите патни правци во државата се проодни.

