Собранието следниве два дена е домаќин на регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа.
Конференцијата почнува денес со воведни обраќања на потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, Феридун Х. Синирлиоглу, генерален секретар на ОБСЕ, амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Лара Скарпита, виша советничка за родови прашања и шефица на програмата за родови прашања во Секретаријатот на ОБСЕ.
Во следните два дена ќе се дебатира за законодавните одговори на фемицидот, за парламентариот надзор, механизмите за следење на фемицидот…

