Аналитичкиот центар „Солуција“ денеска во Europe House ќе ја промовира анализата „Департизација на именувањето на директорите на јавните здравствени установи“, по што ќе следува панел-дискусија за тоа кој треба да ги води болниците.
На настанот воведно обраќање ќе има амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, а на панелот ќе учествуваат Гоце Коцевски, Бојан Трајковски и Соња Делевска. Дискусијата ќе ја модерира новинарката Катарина Синадиновска.

