Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне локално дожд и засилен ветер, најавуваат синоптичарите за денес. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната ќе биде нешто пониска од вчера и ќе се движи од 21 до 29 степени.
Во Скопје, претпладне стабилно, а попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.
До крајот на новата работна седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност.

