Американскиот актер и комичар Том Арнолд (67), поранешен сопруг на актерката Розан Бар, откри дека не бил на состанок речиси десет години и дека идејата да излегува со жени на негова возраст воопшто не му е привлечна.
„Луѓето ми велат дека би требало да излегувам со некој на моја возраст. А јас им велам: Дали сте ги виделе луѓето на моја возраст? Изгледаме навистина ужасно“, се пошегува Арнолд во интервју за „Page Six“.
Сепак, тој призна дека го променил мислењето, сфаќајќи дека меѓу жените во шеесеттите години од животот има многу такви кои се духовити, интелигентни и привлечни.
Арнолд се женел четири пати. Од 1990 до 1994 година бил во брак со Розан Бар, а подоцна и со Џули Армстронг, Шелби Рус и Ешли Грусман.
Со својата последна сопруга – од која се разведе во 2020 година – има две деца: син, Џекс (13) и ќерка, Квин (10). Поранешните сопружници го делат старателството над децата.
Минатата година, Арнолд изјави дека својот бурен развод од Грусман и долгогодишната битка за старателство ги претворил во материјал за стенд-ап шоу насловено „Мојата луда поранешна сопруга“ („My Crazy Ex-Wife“). Во шоуто, тој преку хумор ги обработува своите лични искуства, вклучувајќи полициски интервенции, правни постапки и комплицираниот однос со поранешната сопруга. Актерот поднесе барање за развод во февруари 2019 година, по десетгодишен брак со Грусман, а нивната разделба беше проследена со повеќегодишни правни битки и спорови околу старателството над децата.
Според судските документи до кои дојде списанието People, судија ги отфрлил обвинувањата за семејно насилство против Арнолд, без притоа да утврди одговорност.
Том Арнолд: Луѓето на моја возраст изгледаат ужасно

