Претседателот на САД, Доналд Трамп на социјалните мрежи денеска објави фотографија на Ормуцкиот Теснец на која протокот е означен како „ Трампов Теснец“.
Американските медиуми оценуваат дека ова првиот јавен показател за ставот на Трамп кон иранскиот предлог за нов договор за отворање на Теснецот во рок од една недела.
Белата куќа вчера соопшти само американски претставници имале „позитивни и конструктивни разговори преку посредници“ во врска со војната со Иран. Пред неколку дена, исто така беа одржани повеќечасовни индиректни разговори меѓу САД и Иран.
Иран го претстави новиот предлог зад затворени врати
Во четвртокот, на маргините на Генералното собрание на ОН, висок ирански дипломат го претставил новиот предлог на Техеран до САД, кои предвидува услови за Вашингтон кои во голема мера се поклопуваат со од договорот од јуни, кој пропадна следниот месец.
Предлогот, меѓу другото предвидува отворањето на Ормуцкиот Теснец, кој го блокираше Иран како одговор на американските и израрлските нпади врз него. Ова би ги намалило притисоците врз глобалните пазари на енергенси и врз американските сили кои ги придружуваат трговските бродови низ протокот, изложувајќи се на ризик од ирански напад.
Иран предлага и укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа, како и на санкциите за продажба на нафта, што би му овозможило на Техеран да извезува поголеми количества сурова нафта и би ѝ помогнало на неговата тешко погодена економија во време кога националната валута паѓа на рекордно ниско ниво, а инфлацијата вртоглаво расте.

