Денеска ќе биде отворен третиот ДИА камп за едукација на деца и млади кои имаат дијабет тип 1.
Кампот за дијабетес им користи на младите преку создавање и одржување на врснички групи со други млади кои живеат со дијабетес; воспоставување систем за поддршка меѓу младите и семејствата која ќе ја поддржи редовната едукацијата која се спроведува во текот на целата година во локалните здруженија кои се членки на СЗДМ; подобрување на вештините за управување со дијабетес и зголемување на самодовербата; обука на волонтери за едукација за дијабетес како и помагање волонтерите да го разберат опсегот и влијанието на дијабетесот врз младите и нивните семејства, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.
Вклучувањето на децата од различни региони на Северна Македонија е нов предизвик за стручниот тим да ја разгледа различноста на потребите и едукацијата во однос на Т1 кај нашата млада популација.
На отворањето на кампот најавено е дека ќе се обратат министерот за здравство Сашо Клековски и директорот на Клиниката за еднокринологија, дијабетес и метаблони состојби и претседател на Националната комисија за дијабет Ирфан Ахмети.

