Момче на 13 години се бори за живот откако било избодено со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во скопски Чаир, објави Телма.
Детето, според болнички извори, е во исклучително тешка здравствена состојба.
Од МВР за Телма потврдуваат дека во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице и дека биле употребени ножеви и безбол-палки.
Еден од малолетниците, роден 2012 година, признал дека користел нож, но целосната форензика треба да покаже дали токму со него му биле нанесени тешките повреди на 13-годишното дете. Неговиот брат, роден во 2007 година, одбива да даде исказ.

