Фадиљ Пушкољи, припадник на поранешната ОВК, синоќа беше уапсен во Северна Македонија врз основа на српска потерница, пренесува Танјуг.
Тој бил уапсен на преминот од Автономната Покраина Косово и Метохија кон Северна Македонија, пренесува порталот „Коха“.
На својот профил на Фејсбук, Пушкољи навел дека бил уапсен „поради неговото членство во ОВК“.
Самиот тој на „Фејсбук“ објави дека е приведен и побара помош од косовските власти, а подоцна вечерва напиша дека откако полицијата извршила со него разговор и испрашување, бил пуштен.
Пушколи во вечерашната објава ѝ се заблагодарува на македонската полиција и посебно на Албанците во нејзините редови.
„По разговорот и испрашувањето, бев ослободен од полицијата на Северна Македонија. Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на Северна Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка. Ви благодарам за коректноста и професионалноста!“, напиша тој.
Официјално нема достапни информации кои би потврдиле дека Пушколи е баран од Србија, како што првично беше објавено. Македонските институции досега не соопштија ништо за вечерашното приведување на косовскиот сопственик на медиум.

