Првпат по враќањето во Велика Британија, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се појавија заедно во јавноста, посетувајќи младинска организација во Нотингем, која помладиот син на британскиот крал Чарлс Трети ја поддржува веќе извесно време.
Воодушевена толпа ја пречека двојата со балони и цвеќиња, а Хари и Меган прегрнаа неколку обожаватели и позираа за фотографии со нив.

„Ве сакаме, војвотко Меган, ве сакаме!“, извика една од жените.
Во текот на денот, Хари и Меган имаа повеќе јавни ангажмани и посетија хуманитарни организации, вклучително и иницијатива посветена на борбата против сиромаштијата, како и организација што им дава поддршка на младите преку спортски програми и менторство.
Откако се вратија во Велика Британија, по шестгодишен престој во САД, Хари и Меган главно се држеа настрана од очите на јавноста.
Сепак, принцот Хари веќе самостојно изврши голем број јавни должности во име на хуманитарните организации чиј покровител или поддржувач е.

