Царинската управа денеска ќе добие 26 специјализирани возила и форензичка и ИТ опрема во вредност од четири милиони евра. Возилата и опремата се донација од Европската унија.
Донацијата се состои од 21 возило за Мобилната единица и пет возила за Единицата К-9.
Од Европската унија очекуваат дека со оваа донација, Царинската управа ќе ги зајакне капацитетите за борба против организираниот криминал и трговија.
Со зголемувањето на трговијата, се зголемува и нелегалното движење на стоки, возила и луѓе, што ги прави методите на царинска измама и шверц пософистицирани. Затоа е важно системите за царинска контрола да се зајакнат за да се спречат и откријат царински измами и нелегална трговија со стоки, а воедно да се олесни трговијата и да се постигне вистинско партнерство со деловната заедница, велат од Канцеларијата на Европската унија во Скопје.

