Познатата карпеста фомација на јужниот брег на Хаваите, морскиот лак „Холеи“, е целосно уништена, соопшти хавајскиот Национален парк „Вулкани“.
Засега не е познато кога точно се урнал лакот, но се претпоставува дека е можно улога во неговото уривање да одиграла тропската бура „Ноло“, при чии налет Паркот беше привремено затворен.
Паркот во социјалните мрежи соопшти дека лакот „Холеи“, кој беше висок 27 метри, сè уште стоел, но веќе на 27 септември бил целосно исчезнат.

Морскиот лак „Холеи“ веројатно настанал пред околу 550 години, кога тек од лава навлегол во океанот. Поради ерозијата, постепено се откршувале парчиња базалт, со што лакот добивал сè поизразена форма.
Се разбира, тоа значи дека во одреден момент лакот станува толку истрошен што станува нестабилен и се урива. Токму тоа се и случило сега.
Крајбрежјето околу лакот со години е нестабилно, особено по ерупцијата на вулканот Килауеа во 2018 година. Во 2020 година, видиковецот бил преместен поради пукнатини во карпите. Во 2022 година, по ударот на ураганот „Дарби“, Паркот предупреди дека лакот може да се урне во секој момент.

