Во следните години шакалот би можел да се прошири на 75 отсто од територијата на Европа, што е приближно шест пати повеќе од неговиот сегашен опсег, покажува ново истражување објавено во научното списание „Природа, Екологија и Еволуција“.
Во истражувањето се наведува дека златниот или обичен шакал, кој првично бил присутен главно во Југоисточна Европа, сега се повеќе се шири ни континетот, па веќе се насели и во повеќе други земји, меѓу кои и во Италија, Австрија и Словенија, па дури и во Германија и Холандија.
До пред 200 години, шакалот живеел главно во регионот околу Црното Море. Но, од тогаш луѓето почнале систематски да ловат волци, сè додека волкот не бил речиси целосно истребен во Европа. Шакалот почнал да ја зазема територијата на волците и се проширил кон Централна Европа.
Шакалите главно живеат на места каде што има малку или воопшто нема волци. Тие се конкуренти, но шакалот е подреден на волкот. Затоа, шакалите ги избегнуваат волците колку што е можно повеќе.
Луѓето како штит на шакалите од волците
Но, благодарените на мерките за заштита на волците, нивниот број почнува да се зголемува и сè повеќе ги има во многу европски земји. Истражувањето покажува дека на тие места, шакалот првенствено почнува да се движи во реони каде има луѓето.

Според експертите, шакалите увиделе дека волците обично се плашат од луѓето, па почнаа да живеат поблиску до населени места, користејќи ги луѓето како штит од волците.
Благодарение на таа адаптација, шакалот ќе продолжи да се шири низ Европа, велат истражувачите.
Улога во ова играат и климатските промени, односно потоплата клима во Европа, бидејќи шакалите претпочитаат медитеранска клима, не сакаат снег и помалку им одговараат густо пошумени предели.
Според екепсертите, шакалот е животно што се прилагодило на новите услови и се проширило низ Европа преку природна миграција. Тоа е сосема поинаку од, на пример, ракунот, кој во Европа бил донесен од Америка од страна на луѓето.
Безопасен за луѓето
Изтражувачите посочуваат дека луѓето не треба да се плашат од шакалите, бидејќи тие во принцип не напаѓаат луѓе, како ни крупен добиток, но кокошките, јагнињата, а во помала мера и овците се изложени на ризик.

„Значи, ако наидете на шакал, нема потреба да бегате. Обично, шакалот сам ќе си замине. Пред сè, обидете се да го фотографирате што е можно побрзо“, препорачуваат експертите.
Шакалот
Златниот или обичен шакал (Canis aureus) е кучевидно животно со средна големина. Според големината, тој е меѓу волкот и лисицата.
Неговото крзно обично е со боја на песок до црвеникаво-сиво-жолта нијанса, со златен сјај и црн врв на опашката.
Шакалот живее во глутници, исто како волците. Јаде речиси сè, особено мали глодари, мали птици, риби… Но, на менито можат да се најдат и кокошки, јагниња, па дури и овци.

